Скијачката сезона на Маврово во полн ек

Скијачкиот центар Маврово бележи една од најуспешните сезони. И во услови кога нема доволно природен снег, на центарот кој годинава доби нова ски патека има скијање веќе втор месец.

Туристите, но и познавачите на приликите се задоволни од центарот, каде годинава нови патеки се заснежуваат со вештачки снег, што е еден од основните услови за успешна ски-сезона.

Од Скијачката федерација на Македонија, велат дека Маврово се развива, но може уште повеќе, ако се земе предвид природниот потенцијал на планината.

Дел од ски центрите во Македонија се во очајна состојба пред се поради немање на вештачки снег и инвестиции во инфраструктурата.

Поради немање доволно снег на Попова Шапка се уште не е започната ски-сезоната. Неделава паднаа триесетина сантиметри снег,но оваа снежна покривка, како што велат од раководството на центарот, не се задржал на ски-патеките поради силниот ветер.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ