Климатските промени закана за биодиверзитетот

Климатските промени и нејзините последици врз животот на луѓето се тема за која се размислува глобално.

Сепак при првото споменување на загадување на животната средина многумина прво ќе помислат на воздухот и водата, малкумина на почвата.

Загрижува фактот дека климатските промени и тоа како влијаат на почвата и земјоделието и многу малку се говори за тоа во јавноста, велат стручњаците.

Еве јавноста сигурно ќе се изненади од податокот што сега ќе го кажам: ако ги изземеме океаните како најголем резервоар на јаглерод од копнените екосистеми  почвата е најголемиот резервоар на јаглерод преку хумусот, преку органската материја. И токму непознавањето на овие бројки или податоци а притоа конверзија на тресетиштата на оние почви кои се богати со органска материја во обработливи површини без да се применува добра земјоделска пракса одржливо искористување на почвите е причина за ослободување на јаглеродот од органската материја и ослободување на стакленички гасови не само метанот, туку и разните оксиди на азот кои придонесуваат за климатските промени, изјави проф д-р Татјана Миткова од факултетот за земјоделски науки и храна. 

Во однос на климатските промени со зголемување на температурата доаѓа до промени кај растенијата и тие мора да се адаптираат или да мигрираат или може да исчезнат или да изумрат, подвлекува проф д-р Силвана Манасиевска Симиќ од факултетот за земјоделски науки и храна.

Загадувањето на почвата и прекумерната употреба на пестициди и инсектициди директно го загрозува и опстанокот на пчелите, чуварите на живиот свет смета Рош Домерего специјалист за апитерапија. Слободно можеме да кажеме дека 2/3 од намирниците кои човекот ги користи во исхраната се благодарение токму на пчелите и нивната улога не се сведува само на производството на мед.

Во однос на биодиверзитетот пчелите имаат примарна улога и во опстојувањето на целиот жив свет. Присутни 60 милиони години на земјата и преживеале многу катаклизми. Ако тие исчезнат тоа значи дека и покрај сиот напредок не сме успеале да се адаптираме и што е уште пострашно сме внеле комплетна дерегулација во природата, вели специјалистот за апитерапија, Рош Домерего.

Климатските промени и лошата состојба со биодиверзитет се прашање пред кои е исправено човештвото, дилемите со кои соочуваме најмалку подразбираат компромисни решенија кои би резултирале со еколошки колапс, сметаат нашите соговорници.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ