
Нема решение за разликите во бројот на гласачи во изборните единици
Министерството за правда и парламентот се известени од државната изборна комисија, но партиите молчат дали изборите ќе бидат законски ако не се поправат отстапките во бројот на гласачи во 4 од 6 изборни единици.
ДИК по последното пребројување информирале дека шестата изборна едница нараснала за 8, 6 проценти или 3,6 отсто од дозволената отстапка, а третата се смалила за 7,64 отсто, додека четворка е со 6,36 проценти помалку од предвидениот број гласачи.
Според, лидерот на владеачката СДСМ Зоран Заев, опасно е да се прекројуваат изборните единици без попис на населението.
Политичкиот соперник на Заев, пак, Мицковски вели дека во меѓупартиските договарања предмет бил и изборниот законик, но без конкретен резултат.
Предвремените парламентани избори се договорени за 12 април, собранието е во приправност но ДУИ не дозволува измени во изборникот законик, бидејќи за ова прашање не бил постигнат консензус меѓу политичките партии.
„Разликата меѓу шестата изборна единица и третата изборна единица е околу 40.000 гласачи, со што ги прави гласачите нерамноправни, односно нивниот глас при нивниот избор нема иста тежина. И ова е причината и точно е дека ДУИ го кочи во моментот во Собранието Изборниот законик затоа што не сакаме да ја преземеме одговорноста за незаконитост на изборниот процес.“ – вели Бујар Османи.
Османи стравуа дека постојат најави дека луѓето може да поднесат претставка до Уставниот суд за незаконитост на изборниот процес и тоа дополнително да го комплицира не само изборниот процес, туку и политичката ситуација.
Од ДИК велат дека и досега се одржувале избори без да се интервенира во овој дел и смета дека нема никаква пречка и сега со вакви изборни единици да се одржат предвремените парламентарни избори.
Измените на Изборниот законик се заглавени во работната група во Министерството за правда и досега нема најави дали ќе бидат испратени до Собранието за тие да бидат донесени пред неговото распуштање следната недела и да важат за предвремените парламентарни избори.
Павле Беловски