Кондовските браќа Красниќи заедно на меѓународните потерници- државата не ги наоѓа, а имаат над 31 година затвор за лежење

На сајтот на МВР се објавени меѓународните потерници против двајцата припадници на кондовската група Агим Красниќи и Сеат Рамадани откако по викенд отсуство не се вратиле на дозидржување на казната во штипскиот затвор.

Двајцата кондовци се осудени за повеќе кривични дела поврзани со насилство, киднапирање, изнуди и нелегално оружје. Почнале да користат викенди и одмори пред две и пол години откако одлежале половина од 12-годишната затворска казна. Досега се враќале по определените викенди надвор од штипскиот затвор, но по последниот викенд не се појавиле на затворските капии.

Во затвор се од 2008-ма година кога беа уапсени на изборниот ден во јуни поради сомнежи за учество во изборни инциденти.  Агим Красниќи беше дел од озлогласената кондовска група која во 2004-та и 2005-та соработуваше со повеќе осомничени насилници од Косово кои се криеја во предградието на Скопје и се закануваа дека ќе го бомбардираат. На сајтот на МВР покрај Агим Красниќи стои и потерницата распишана по неговиот брат Бесим Красниќи, кој е осомничен за повеќе дела и досега осуден на 28 и пол години затвор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ