Мирјана Лазарова Трајковска со 12 гласа едногласно избрана за судија во Врховен суд

Пофалби, честитки и многу 12-ки за избраните судии поделија членовите на судксиот совет на денешната седница на која избраа 17 -тина судии. Судијката од Стразбур која во својата кариера беше и уставен судија претседател на ДИК,  советник на претседателот Пендаровски ќе дели правда во највисокиот суд. За нејзин колеги во Врховрн, судски го избра и Сафет Кадрии од скопска апелација кој одлучувал во повеќе познати предмети меѓу кои и за укинатиот притвор за Катица Јанева, пресудата за напаѓачите на Села и пресуда за Труст против Сеад Кочан. Избрана е и неговата колешка  Лидија Мартиновска и преседателот на штипска апелација Наке Ѓоргиев. Додека денешното гласање одеше мазно изборот на 6 судии за во Апелација стар една годна не беше ставен на дневен ред. Претседателот на Судски совет Здравев се надева дека во понеделниик ќе изберат судии за апелација за да го фатат последниот воз пред да се распишат избори.

Се бараа 6 -мина Врховни судии но судски избра 4- ца. Две места остануваат слободни бидејки останатите кандидатите не го добија потребното мнозинство гласови. Меѓу нив, позната за јавноста е поранешната членка на судскиот совет Мери Дика Георгиевска, кума на Боки 13, која беше и сведок во случајот Рекет. Беа избрани и 13 судии за основни судови. Најголем дел од академијата за судии и јавни обивнутели. Меѓу познатите имиња беше Маја Јанушева сопруга на генерланиот секретар ВМРО ДПМНЕ како кадндат за Кривичниот суд. Се бираа тројца судии а таа беше 5 -то рангирана. Беа избрани првите двајца од листата и еден кандидат кој беше зад неа но се бараше каднидат од немнозинските заедници. За тоа што Јанушева не беше меѓу избраните, реагираше од поранешниот претседател на судски совет Зоран Караџовски, кој рече дека треба да биде запаметен денешниот датум бидејки не била избран првенецот на генерација од Академијата.

Oд неготинскиот во охридскиот суд отиде судијката Александра Поп Стефаниј,а која извесен период работеше и во скопскиот Кривичен суд, а беше и една од судијките за кои СЈО бараше разрешување. Здравев вели тој предмет бил затворен.  Меѓу звучните имиња денеска за судија во скопскиот кривичен суд беше избрана Тамара Витларова, ќерка на шефот на штипското вишо обвинителство . Доаѓа од Академијата и беше второрангирана на листата.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ