
ТЕ-ТО со демант: Лажни обвинувања од Топлификација
Откако акционерите на Топлификација побараа Комисијата за заштитат на конкуренцијата да се вклучи во случајот со одложеното плаќање на долгот на ТЕ-ТО, од оваа компанија денеска со реакција тврдат дека се повторно предмет на неосновани напади, лаги и манипулации од страна на претставниците на Топлификација кои имаат единствена цел притисок врз институциите и замајување на јавноста. Посочуваат дека во целост ги демантирааат наводите на претставниците на Топлификација искажани вчера како невистинити и тенденциозни. Двете компании изминатиот период меѓусебно се препукуваат за неправилности при работењето.