
Мишел на 16 февруари се среќава со претставници од Западен Балкан
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, идната недела на 16 февруари, ќе се сретне со високи претставници од земјите од Западен Балкан.
Тие ќе се ссостанат на неофицијална вечера во седиштето на ЕУ, но се уште нема информации на кое ниво би била средбата.
Средбата е закажана еден ден пред состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата, на кој според дипломатски извори во Брисел, на кој се повикува српската агенција Бета, би требало да се разговара и за новата методологија за проширување.
Во средата Европската комисија ја објави новата методологија за преговори со Унијата која би се однесувала на Македонија и Албанија.
Србија и Црна Гора, кои веќе преговараат со ЕУ, ќе можат да избираат дали преговорите ќе ги продолжат според сегашната или според новата методологија.