Шилегов: Обвинителството и инспекторатот мора да одговараат за неажурноста во скандалот со „Еко клуб“

Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, денеска упати сериозни критики кон јавното обвинителство и Државниот инспекторат поради нивната неажурност во скандалот со фирмата „Еко Клуб“ и медицинскиот отпад кој несоодветно третиран завршуваше во депонијата Дрисла. Тој обвини дека не е случајно што надзор е направен два дена откако биле направени снимките, надзор во кој не се откриени нерегуларности.

Од друга страна пак, Обвинителството денеска повторија дека подносителот на пријавата, инспекторот Мирослав Богдановски, не доставил материјални докази туку само снимката која веќе е објавена во јавноста. Оттаму додадоа дека веднаш било наложено на скопската полиција да направат проверки и да обезбедат докази за наводите.

Обвинителството во предистражна постапка утврди определени факти од значење за пријавениот настан. До Државниот инспекторат за животна средина е издадено барање за достава на податоци за сите дополнителни проверки и за констатираните состојби во постапувањето со медицински отпад од страна на правното лице, а до Управата за финансиска полиција беше издадена наредба за проверки во поглед на финансиското работење на правниот субјект

Државниот инспекторат без официјална инфромација што и како е констатирано при завчерашниот вонреден увид. Остануваат на ставот дека при контролата извршена на 12 декември во инсталацијата на „Еко Клуб“ во кригот на МЗТ, не е откриено ништо спорно.

Иако најави, сопственикот на „Еко Клуб“, не даде изјава околу случајот бидејќи чекал на полномошно од неговите партнери од Германија.

Она што е јасно е дека „Еко Клуб“ продолжува со работа. Годинава тие веќе имаат испорачано речиси два тони медицински отпад во Дрисла, а завчера, еден ден по откривањето на скандалот три контејнери со околу 1.200 килограми отпад од клиничките центри во Прилеп и Битола.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ