Со отписот на даночен долг на Те-То владата сака да ја уништи Топлификација

Комисијата за заштита на конкуренцијата која го вршела отписот на даночниот долг на ТЕ-ТО, во висина од 24 милиони евра, да ја преиспита одлуката од минатата година. ОЈО во најкраток можен рок да го потврди кршењето на Законот за трговски друштва и да се стопира стечајната постапка на Топлификација. Ова денеска го побараат  од Здружението за заштита на акционерите од Топлификација , кои сметаат дека владата сака да ја уништи фирмата со незаконскиот стечај на ТЕ-ТО во 2018 година. Се пожалија дека се оштетени со 40 милиони евра и дека вкупниот кумулативен долг кон државата со таа одлука изнесува околу 200 милиони евра.

  • Сега промтно се брза да се уништи Топлификација , мислејќи дека ќе нема утре кој да реагира . Па ќе им пројде криминалот . Тоа е јасно . Тука се лажат, ние нема да дозволиме . Затоа што сега си ставија признание со документ , што утре некој може да ги гони, вели акционерот Ивица Стојановски.
  • Единствено решение за да Те-То не плаќа долгови , а да не се повреди планот за реорганизација на Те-То, во таа стечајна постапка се наоѓа соломонско решение да му даде државата државна помош на Те-То, во форма на одлагање на даночните обврски за 2018 и 2019, за 9 години, вели директорот на Топлификација , Димитар Хаџи- Мишев.

Плаќањето на даночниот долг на  Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје, се одложува за период од 9 години. Одложувањето на плаќањето на даночниот долг не значи ниту доделување финансиска државна помош, ниту пак отпис на даночни обврски, велат од владата. Даночната обврска на ТЕ-ТО што е одложено, е  данок на добивка, која не постои, не е реализирана во компанијата, туку е настаната фиктивно по основ на отпишани обврски врз основа на Планот за реорганизација, одобрен и усвоен со судска одлука од 14.06.2018 година. Имајќи го предвид фактот дека во моментов ТЕ-ТО има финансиски потешкотии, практично не е во можност да го плати таквиот данок на добивка, која реално и не постои, па евентуалното пристапување кон присилна наплата на тој данок на добивка, не само што ќе ја оневозможи реорганизацијата на компанијата, туку сосема извесно е дека  ќе доведе до отворање на стечајна постапка над истата и пропаѓање на Планот за реорганизација. Во тој случај „отпишаните обврски“ согласно Планот за реорганизација повторно ќе се трансформираат во реални обврски на компанијата спрема доверителите и ќе немаат третман на добивка, а со тоа и даночната обврска – данокот на добивка за 2018 година по основ на отпишани обврски, повеќе нема да постои и државата нема да ја наплати, посочуваат од владата.





 

 

 
 
 
 
 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ