
Власта бара 80 пратеници за законот за ЈО
Социјалдемократите се оптимисти дека законот за Јавно обвинителство ќе влезе во собраниска процедура и ќе се обезбеди 2/3 мнозинство за негово усвојување. Ако се усогласи текстот на законот тогаш според координаторот на пратеничката група Јован Митрески нема пречка да се испочитуваат сите рокови за распуштање на Парламентот.
ВМРО-ДПМНЕ не се чувствуваат одговорни за законот и ќе учествуваат во работните групи само доколку се прифатат нивните барања, текстот да го изготват експерти од уставното и кривично право.
Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села смета дека ниту една политичка партија не треба да го блокира носењето на законот.
Остануваат уште малку денови за договор. ВМРО-ДПМНЕ очекува Собранието да се распушти на 12 февруари а нивната иницијатива да биде подржана од сите партии на Албанците.
Јулијана Пешевска