
СЈО и без пари и без плата за близу сто вработени
Близу сто вработени во поранешното специјално обвинителство доаѓаат и си заминуваат од работа без да добијат плата и здравствено осигурување за месец декемви. Ќе следат тужби, но и кривични пријави за одговорните лица и институциите се заканија преостанатите вработени во СЈО, откако шефицата Катицата Јанева заврши во притвор за случајот „Рекет, а обвинителите се вратија во обвинителствата од каде дојдоа.
Писмо на вработени во СЈО:
Сепак, проблемот настана кога се јави потреба од присилно извршување на декемвриската плата. Така, поради фактот што во буџетот на СЈО за 2020 година предвидени се финансиски средства само на ставката за плати, која ставка, согласно образложението на Министерството за финансии, е изземена од присилно извршување, не постои можност за присилна наплата на платите на вработените лица, што е апсурдна ситуација – да не може присилно да се изврши исплата на плати од ставката за плати од буџетот на СЈО!
Буџетот на оваа институција требаше да се троши до септември оваа година а Собранието со еден амандман изгласа тие пари да се пренаменат, префрлат на Државната изборна комисија. Сега без потписник за платите и без буџет за СЈО, вработените не можат ниту присилно да ја добијат декемвриската плата. Вработените се сомневаат дека институциите не знаеле за овој пропуст.
Писмо на вработени во СЈО:
Се поставува прашањето доколку Министерството за финансии знаело дека има пречка за присилно извршување од ставката на плати и знаело за потребата од присилно извршување како начин на исплата на платите, зошто не алармирало за ваквата состојба и го прифатило ваквиот предлог буџет, односно амандман на истиот.
Комисијата за финансирање и буџет на Собранието едногласно го усвои амандманот на буџетот со кој финансиските средства предвидени за СЈО се пренаменија за спроведување на предвремени парламентарни избори, а беа оставени средства само за исплата на плати на вработените.
Павле Беловски