
Мицкоски: Oнаму каде што администрацијата е партизирана ќе има рез
ВМРО-ДПМНЕ ќе се фокусираме на комплетна дигитализација во државата, би било несериозно сега да каже дали ќе има отпуштање или не од администрацијата, но ќе има сериозна функционална анализа и онаму каде што има партизирање и превработеност ќе има отпуштање, изјави Мицкоски во вчерашното гостување за Топ Тема.
Дополнително Мицкоски обвини дека СДСМ сега ја партизира администрацијата и предизборно ја полни со партиски кадри.
„За два месеци имаме нови 6 илјади партиски војници и тоа е погрешно, тоа е обид за поткуп, и обид на СДСМ да го намалат поразот на изборите , од друга страна слушаме како нивните министри промвираат дигитализации. Тоа е контрадикторно, или ќе посветите време на дигитализација или комлетно ќе ја партизирате државната администрација.
Тоа што сега го правиз Заев е комплетно погрешно. Вие имате сега канонада на јавни нанабвки за времени вработувања каде што се градоначалници од СДСМ. ОВа навистина е на среден рок би се одразило сериозно за државата, посочи Мицкоски.