Бојан Јовановски кон Рускоска: Вршиш тортура врз мене- Господ ќе ти врати

Обвинетиот Бојан Јовановски пред стартот на денешното рочиште за случајот „Рекет“ и и се обрати на висок тон на обвинителката Вилма Рускоска вејеќи и дека го држат во притвор, а тој е  малигно болен, дека таа врши тортура врз него и дека Господ ќе и врати.

По што неговата адвокатка рече дека не може да го следи судењето бидејќи има промени во здрвствена состојба. „Има болки и не се чувствува добро“, рече таа.

Бил на гастроскопија и има утврдено малигнитет но не се знае кој степен, треба да оди веднаш на операција. Требало да му отстранат желудникот.

Судијката Васка Масевска Николовска предложи да се повика Брза Помош, но Јовановски истакна дека не сака, бидејќи дијазепамот не може да му помогне.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да се продолжи со презентирање докази, а на ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милевски-Кичеец, кој призна вина.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ