
Празни училишта во Чаир на денот на албанскиот наставник
Празни училишни згради. Ваква слика регистриравме во дел од училиштата во општината Чаир. Во некои, како на пример Рајко Жинзифов каде има мешани паралелки, на децата од македонските уште вчера им било кажано дека не треба да дојдат на настава бидејќи е ден на албанскиот наставник. Во училиштето немаше никој освен чувари и хигиеничари кои ни ни објаснија дека станува збор за празничен ден.
Во ова училиште веднаш беше испратен државен просветен инспектор. Тој треба да ја утврди причината поради која денеска немало настава.
„За прекин на наставата одлучува само министерот, па оттука ова е непочитување на правната регулатива.Станува збор за училиште со мешани паралелки, поради што логично се наметнува прашањето зошто од настава биле ослободени и македонските ученици, кажаТоме Спировски директор на ДПИ.
Во слична насока е и ставот на Владата. Законот е вели портпарлот Бошњаковски јасен.
Во поголемиот дел од училиштата во Чaир имале само два до три часа, после што заминале на прослава. Според надлежните во општината, ваквиот начин на одбележување е во согласност со календарот на МОН.
„Традиционалниот ден на просветата на припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот е наставен ден кој се одбележува со културни, спортски и други манифестации“, кажаа од општина Чаир
Во МОН посочуваат дека ова не значи дека децата треба да бидат осолободени од настава бидејќи ова е оправдано само за државните празници.
Сања Јовановиќ Дамјановска