Чулев: Ситуацијата со пасошите е алармантна

Можеби ќе почекате некој да ви се јави на бесплатниот телефонски број за закажување за вадење пасош, но треминот кој ќе го добиете е после 20-ти февруари.Но ниту во врвот на МВР не знаат дали тогаш ќе има обрасци за пасоши за да извадите нова патна исправа. Проблемот е во лошото планирање, вели министерот Чулев кој објаснува дека се контактира со набавувачот, германската фирма Веридос. Патни исправи има само за уште 5 дена.

Полабаво е со нови лични карти и возачки дозволи иако и таму има проблеми. Успешно се покриваат дупките со нови пратки на обрасци за лични карти и дозволи. Проблемот се појави на почеток на годината, откако според сегашниот новодојден технички министер Чулев планирањата не биле соодветни во пресрет на изборите и поради новиот начин на подигање на лекови од аптека поради што има зголемена промена на истечени или неважечки документи.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ