Доцнат европските реформи кои зависат од меѓупартиски договори

Има напредок во разговороте меѓу власта и опозицијата во делот на три – четири мерки кои се означени со црвено во Реформскиот пакет 3-6-9, но се уште е рано да се каже дека е постигнат консензус по овие точки. Ова го соопшти денеска вицепремиерот Бујар Османи пред имплементациијат на Планот да им биде презентиран на амбасасорите од земјите-членки на ЕУ. Тој притоа рече дека се задоцнети мерките кои зависат од меѓупартиските разговор, а во нив спаѓаат Законот за јазиците, како и сите закони во делот на правосудството и безбедносните служби.

„Се гради една базична доверба помеѓу страните во овој случај за да можат посуштински да расправаат за конкретни законски решенија. Мислам дека работните групи се длабоко навлезени, суштински, да разговараат за конкретните решенија. Се уште не можам да кажам за конечниот епилог, бидејќи нема конечен епилог, меѓутоа се на добар пат“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Сеапк Османи смета дека прашањето со законот за јазиците кој што можеби е ставен во тој пакет, со вчерашните случувања може да го помести целиот процес.

„ЕУ нема да ја интересираат внатрешните алибија зошто не се донесени зaконите. Тие ќе сакаат испорака“, Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

За останатите мерки Османи вели дека е постигнат дополнителен напредок, но оти сепак остануваат уште многу мерки на кои рокот за имплементација им истекува во април. Османи притоа рече дека од амбасадорите ќе се побара поддршка за добивање извештај од Европската комисија согласно заслугите и Македонија да добие фер шанса да се придвижи напред евроинтеграциите.

На денешното обраќање на вицепремиерот Османин за медиумите на македонски јазик остана без одговор прашањето: до каде е процесот и кога мислите да го финализирате Законот за јазиците, кој беше дел од планот 3-6-9 и рокот за негово имплементирање беше август? Османи на прашањето одговори само на албански јазик.

За истото прашње побаравме официјален став од Владата од каде за Телма одговорија.

„Се работи за закон со кој се остваруваат правата на етничките заедници и имаме јасен став како влада дека истиот не е во спротивност со уставот. Законското решение во моментов се наоѓа во Собранието на Република Македонија каде што за жал се врати по одлуката на претседателот Иванов да не го потпише указот за законот по гласањето во парламентот“.

Од Владата се извинија за немањето превод од албански јазик за денешниот настан, со објаснување дека настанот не бил замислен како прес-конеференција на Османи, туку само како давање изјава од вицепремиерот на македонски и на албански јазик, без прашања, поради што не бил обезбеден превод.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ