Отказ за 27- годишен вработен во Министерството за здравство кому полицајци му нашле марихуана

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека на вработениот во правната служба на министерството му е прекинат договорот на дело. 27-годишниот службеник е фатен во сабота во Градскиот парк со марихуана, а откако неговиот случај беше објавен во медиумите веднаш сам се пријавил во министерстиот кабинет. Откако известил за инцидентот добил отказ односно договорот му бил прекинат. МВР во своите дневни билтени постојано објавува по неколку случаи на луѓе откриено со по некој грам марихуана. Само во денешниот извештај се нотирани 5 вакви случаи. Истовремено во Собранието во тек е постапка за изгласување на законски промени со кои фирмите со лиценци ќе може да извезуваат и цвет од марихуана.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ