Властите се свесни за огромното иселување – се уште се чека на резултат од мерките

Од Владата се свесни за огромното и постојано иселување на млади таленти во странство. Тие тука стекнуваат диплома, а ја валоризираат во било која друга земја.

Телма вчера објави статистики објавени на „Економист“ кои ја сместуваат Македонија на осмото место по одливот на мозоци. Деценискиот проблем со иселувањето се уште чека на ефикасност од мерките на надлежните. Во владините кабинети се кројат планови како да се намали одливот на мозоци, вели вицепремиерката Мила Царовска. Се таргетираат професии кои се најпривлечни.

Светска банка имаше извештаи во коишто кажа дека за десет години, минатите десет, половина милион од нашето население е иселено. Сметаме дека IT индустријата навистина е индустрија која што може да исплати добри плати, а младите можат да ги совладаат оние вештини коишто им се потребни. Токму затоа преку Агенцијата за вработување и во 2019 година и во 2020 година заедно со МАСИТ како стопанска комора на IT индустријата направивме обуки коишто можат брзо да ги насочат младите во оваа индустрија, вели вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

Со свои истражувања и невладините потврдија дека невработеноста е една од главните причини кај најголемиот процент млади и талентирани умови да ја напуштат државата.

Најчести дестинации се западноевропските земји.

Во редовните извештаи на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2019 година, активното население во Македонија изнесува повеќе од 900 илјади лица, од кои 164 илјади се невработени.

Петар Догов

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ