Ќе избере ли Судски совет 31 судија пред распишување на избори?

По систематизација треба да има 52 судии а во судници се 37. 15 судии недостасуваат во скопска апелација каде завршуваат жалбите на најголем број од пресудите во земјава. Од овој суд за Телма неофицијално објаснуваат дека судиите ги надминуваат нормите пропишани со закон за решавање на предмети, но сепак апелација се соочува со титулата неажурен суд затоа што не можат да го решат приливот на предмети, поради недостатокот на судии. Една година од огласот се уште не се избрани шестмина судии за апелација.

До сега од Судскиот совет одговараа дека не можат да се договорат меѓу себе кого да изберат и негираа влијанија од надвор. Денеска со најава дека е можно во наредните денови да изберат судии.

Покрај избраните 14 претседатели на судови, во 2019 година се избрани само тројца судии за во повисоките судови (1 за во Врховен и 2 за во Управниот суд), покажуваат податоците на Институтот за човекови права. Судски совет не успеа да избере 31 судија за Врховен, апелација и основни судови.

Конкуренцијата за Апелација е голема. Над 60 судии за 6 места. Мегу нив се и судии од Кривичен кои водат предмети од СЈО . Здравев не сака да прејудицира дали ќе може, доколку некои од овие судии бидат избрани за во второстепениот суд, да си ги доврашт предметите во првостепениот,  за да не се случува по две години судење предметите да не се враќаат на почеток, поради смена на судии.

Елена Ивановска Мукоска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ