Мицкоски: Ако не се распушти собранието државата ќе влезе во нова криза         

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски го обвини Заев дека бега од избори , соочување со граѓаните  и одговорност за скандалите и аферите. Инсистира Собранието да се распушти на 12 февруари. Предлогот ќе го даде пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Доколку   Парламентот не се распушти во договорениот рок, виновно според Мицкоски ќе биде владејачкото мнозинство.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски апелира да надвладее разумот и да се донесе законот за Јавно обвинителство.

ВМРО ДПМНЕ ќе учествува во преговорите на работните групи само доколку се прифати нивниот предлог, законскиот текст да го изготват експерти од областа на уставното и кривично право.  Министерството за правда ја повика опозициската партија доколку сака да учествува во процесот да поднесе амандмани, се останато ќе биде алиби за  недонесување на законот.

“Законот за ЈО се изготвуваше долг временски период во Министерството за правда, од работна група во која што учествуваа домашни експерти, научна јавност, јавни обвинители, но исто така и странски јавни обвинитлеи кои што даваат сугестии и мислења за одредени прашања поврзани со законот” – соопшти министерството за Правда.

И покрај најавите законот за јавно обвинителство денеска не е ставен на дневен ред на  владина седница. Продолжуваат поеднинечните консултации со пратеничките групи.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ