Брнс на средба со независните пратеници, разговарале за важноста за законот за јавно обвинителство

Законот за јавно обвинителство бил тема на разговор на групата независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс, која на својот Твитер профил објави дека одржала продуктивна средба за поддршка на реформите.

-Одржав продуктивна средба со групата независни пратеници денеска, за важноста од поддршката на континуираните реформи, вклучувајќи го и законот за јавното обвинителство, кој ги унапредува целите за владеење на правото, транспарентност, одговорност и добро владеење, напиша Брнс на профилот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ