
Зоран Заев сведок во „Монструм“: Во бомбите се слуша љубопитност на функционерите, но нема кривични дела
Вистина е дека постои разговор со обвинетиот Фејзи Азири и поранешниот градоначалник на општина Гостивар Невзат Бејта за земјоделски субвенвции, но не е точно дека имам сознанија и докази за вмешаност во случајот за пратеникот Трајко Вељановски директно одговори во судницата сведокот Зоран Заев на прашањата на родителите на убиените момчиња кај смилковското езеро. Според него во сите разговори на Миле Јанакиевски, Коце Трајановски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска постои само љубопитност, но не и конкретна вмешаност во кривична дела затоа немасто да ги објави се се предомислил и ги предал на тогашното специјално обвинителство.
Ако до сега се бараа одгвори за вмешаност на други лица освен сега обвинетите Заев колнејќи се во честа рече дека освен натписи во медиумите не знае со точност дали советникот за безбедност на поранешниот претседател Синиша Алексовски стои зад случајот „Монструм“ ниту,пак, има докази или сознанија за политичко влијание врз обвинители и судии за овој случај. Нека победи вистината додаде Заев на заминување од судот.
Долги, исцпрни, но за жал политички се одговорите на Заев кои не помагаат во предметот со разочарување велат родителите на убиените момчиња преку нивнито адвокат.
На доаѓање во судот на радост на питачот Заев му подари банкнота од 2 илјади денари, а на заминување од судницата пултот му го отстапи на сведокот кој ги изнесуваше „бомбите“ од УБК, Звонко Костовски и ги носеше во СДСМ. 5-тте аудио бомби и транскрипти од папаката на тогашната опзиција обвинителката Фатиме Фетаи ги пушти во судницата, а се слушаа и разговри од псоебните истражни мерки, но без јавност во судницата.
Павле Беловски