Македонија помеѓу првите земји во светот по одливот на мозоци

Пред нас се земји како Хаити и Јемен, а од регионот се поистоветуваме со Србија, Хрватска и Босна. Македонија и девет други држави најмногу ги испраќаат младите во странство, покажуваат мерењата на „The Economist“. Неделникот објави табела на која се наоѓаме на осмото место во светот по одлив на мозоци. Невработеноста е главна причина за купување билет во еден правец за младите од Македонија.

Најголем проблем е невработеноста, немањето работа за младите. Работа има само во фабриките, за луѓе без образование. Ајде да не речеме без образование ама за луѓето со образование нема работа.

 

Да завршам (факултет) па потоа да видиме ако може да се најде работа некаде надвор.

– Каде би отишол?

– Немам некоја посебна идеја, било каде.

 

Што би те натерало да останеш во земјава?

– Не знам, искрено.

Анкетите и истражувањата на невладините кај нас ја поткрепуваат лошата состојба прикажана во „Економист“. На онлајн анкета 3/4 од младите гласале дека тука тешко се стигнува до здравствени услуги, а социо-економското живеење во Македонија е вистински предизвик.

Се соочуваат со предизвици од економски аспект – тоа се мисли дека тие имаат ниски примања, нивните семејства се соочуваат со долгови и голема е стапката на невработеност. 56% од младите сметаат дека се социјално исклучени по било кој основ. изјави Зоран Илиески од Коалицијата на младински организации „СЕГА“.

Претставници на Владата тврдат дека државава нуди можности за младите веднаш да се вработат по земање на дипломата, што го поистоветуваат со европските практики.

Ние сме прва држава којашто е надвор од Европската унија, а ја спроведува младинската гаранција односно на младите по завршувањето на образованието им дава шанса за вработување, пракса или доедукација. Ако ги погледнете анализите, овие години е намалено иселувањето, но не е сопрено. изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Европското биро за статистика „Eurostat” деновиве објави друга статистика конкретно за невработеноста. Како пример земени се Германија и Холандија каде што во декември е измерена најниска стапка на невработеност во еврозоната.

 

Петар Догов

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ