
Француска најава за повлекување на блокадата на преговорите
Франција може да се повлече од блокирањето на Македонија и Албанија. Ова во интервју за германскиот весник, „Франкфуртер алгемане цајтунг“, го кажал советникот на францускиот претседател Макрон за европски прашања, Климон Боне, а кој го пренесоа регионалните медиуми.
- Откако Британија ја напуштила Европската унија, Франција сака да го сврти својот фокус кон Исток. По Брегзит поважно е од било кога да се надминат разликите внатре во ЕУ и да се фокусираме на она што не обединува“. вели Боне во интервјуто.
Советникот на Макрон, притоа смета дека Северна Македонија и на Албанија не треба да имаат различен третман, додавајќи дека тоа би било спротивно на француските напори да ја зајакнат стабилноста во регионот.
Порака пак дека Македонија и Албанија заслужуваат почеток на преговори со ЕУ, денеска упати претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, од посетата на Тирана.
- Се случи еден застој пред крајот на годината, но процесот на пристапување треба да започне. Парламентот, Европската комисија и многу земји-членки се убедени. Јас сум убеден дека е само едно задоцнување“. изјави меѓу другото Сасоли.
Сасоли притоа потенцираше дека мора да се убедат сите да започнат преговорите.
Тамара Грнчароска