Заев сведот на „Монструм“: Сите материјали ги предадов на СЈО

На денешното рочите за случајот „Монструм“ како сведок, на барање на родителите на убиените момчиња свој исказ дава  поранешниот премиер Зоран Заев.

Ветував дека ќе ги објавам петте снимени разговори за смилковска езеро, но се предомислив и ги предадов на СЈО, рече Заев одговарајќи на прашање на обвинителката фатиме Фетаи.

Во бомбите кои ги поседував чув обвинети, но и носители на јавни функции, кои зборуваа за работи поврзани со убиствата, рече Заев, неоткривајќи детали дали обвинителот Фејзи Азири разговара за земјоделски субвенции со тогашниот градоначалник на општина гостивар како што откриваат родителите на убиените момчиња дека ова еден од разговорите кои заев пред пет години им ги предочил во нивните домови.

На прашањето дали постојат други материјали, а да не се предадени на СЈО, Заев одговори дека сите материјали кои ги поседувала СДСМ се предадени на СЈО. Тој нагласи дека материјалите не биле целосно и дека нема целосен континуитет од 2008 до 2014 година, бидејќи како што рече луѓето од мвр секогаш не биле во можност да правата копии и да ги достават во СДСМ.

На снимките се слуша како невзат бејта зборува со обвинетиот Фејзи Азири и бара да му помогне за субвенции. Коце Трајановски со Миле Јанакиески за ненавремено осветлување на обиколницата во Скопје. Потпретседателот на владата Муса Џафери со Сашо Мијалков. Па Јанакиески со други лица за убиоството кај Смилковско, други функционери од ДУИ. Мијалков со Гордана Јанкуловска за презентација пред вработените за слулчајот Смилковско, се потсети Заев на разговорите кои ги слушал.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ