Граѓаните на Дојран против јавно – приватно партнерство за водоводот и канализацијата

Референдумот во Дојран успешен – излегле 53,34% од граѓаните со право на глас. Според првичните неофицијални податоци што ги објави градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, граѓаните гласале на следниот начин:

За – 402

Против – 965

Неважечки – 37

Според резултатот, во Дојран нема да има јавно – приватно партнерство за водоводот и канализацијата.

Градоначалникот вели дека ќе се бараат други начини и решенија да се решат овие инфраструктурни проблеми во општината. Аплицирање за средства од ЕУ, министерствата и слично.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ