Долготрајната суша – неповолна за земјоделството

Македонските земјоделци веќе ги чувствуваат негативните влијанија од климатските промени. Подолг период Пелагонија е погодена од суша, есента мина без   врнежи од дожд, а зимава нема ниту снег. Резервите на влага во  подлабките слоеви од почвата   веќе се намалени,  а ако и во наредниот период не заврне, земјодлеците од најголемата житница во земјава   стравуваат дека ќе се преполоват приносите од пченица.

Ќе влиаје и 50 проценти на посевите, имавме доцна сеидба, имавме голомразица и ќе имаме многу загуби ако не заврне дожд или снег, вели Панде Дамчевски, зeмјоделец одОптичари

Се поместува и календарот на земјоделските активности, поради сушата доцнеше есенската сеидба, а сега не можат да се извршат и другите агротехнички мерки.

Во февруари започнува и прихрана на овие културу, така што ќе биде оневозможена и оваа агротехничка мерка. Сите овие моменти ќе се одразуваат на приносот, рече  Зоран Бардаковски од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјодлеството.

Експерите велат дека земјодлеците ќе мора де се прилагодуваат на климатските промени.

Токму затоа се препорачува наводнување  онаму каде што има системи за наводнување, но се препорачува земјоделците да набавуваат семснки амтеријал односно сорти кои што се отпорни на сушата, вели Бардаковски.

Но, сега,  единствено дожд или снег може да ја спаси годинешната реколта на печница во Пелагонија.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ