
Штипјанецот Киро Маџунаров две и пол децении го мери нивото на реката Брегалница и врнежите од дожд
Две и пол децении го мери нивото на реката Брегалница, но и на врнежите. Штипјанецот Киро Маџунаров секое утро е на хидролошката и дождомерна станица, за него нема викенди и празници. Податоците кои ги праќа во Управата за хидрометеролошки работи се користат за анализи, дали имаме сушен период или се вклучува алармот за поплави. Јануари е еден од најсушните, според неговите мерења наврнале само шест литри на метар квадратен. Лани била една од најсушните години.
Сушата се чувствува во целиот источен регион, браната Калиманци е полна само 27 отсто. Токму поради климатските промени мерењата кои ги прави Маџунаров се важни за државата. Неговата работа е татков аманет, но смета дека синовите од кои едниот е во странство, а вториот со високо образование а е без работа немаат интерес да ја продолжат оваа традиција, имајќи во предвид колкава е наградата што ја добива за сработеното.
Според мерењата, кои педнатно се запишани во овие тефтери најсушни години во источниот регион биле 2011 и 2012 година, кога наврнале само 31о литри на метар квадратен.
Викторија Димитрова Јованова