Полицаец застрелан во Велес

На 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица. Едно од нив успеало да му го одзеде службениот пиштол на 46 годишниот полицаец и пукало кон него. Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош, соопштуваат од МВР. Три лица се приведени но сторителот на делото е се уште во бегство, потврдуваат од МВР за Телма.

Утрово околу 10.15 часот пред црквата “Св.Спас“, кај Градските гробишта, полициски службеници при преземање на службени дејства биле физички нападнати од четири лица. Едно од нив на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзело службениот пиштол и пукало кон него. Е.М. бил префрлен во здравствена установа во Скопје за укажување на лекарска помош. Тројца од напаѓачите се приведени во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, изјави за Телма портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.

Полицискиот службеник се здобил со две прострелни рани во пределот на абдоменот, бил примен на клиниката за дигестивна хирургија, во стабилна состојба и вон животна опасност.

Во моментот пациентот е во стабилна состојба, неговата состојба динамично ќе се следи и во зависност од потребата, од состојбата ќе се одлучи дали врз него ќе се изврши хируршка интервенција или пак лекувањето ќе се продолжи конзервативно, изјави Алберт Леши од Торакална хирургија.

Според неофицијални информации полицајците биле во контрола кај по пријава дека континуирано се вршат грабежи на верниците кои доаѓаат во црквата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ