
Протест за стопирање на увоз на опасен отпад
Улицата пред законодавниот дом ќе биде блокирана во 15 часот, поради најавениот протест против увозот на опасен отпад во државата.
Движењето за климатска правда „Петоци за иднината на Скопје“ најави протест, револтирани што собранискиот спикер прескокна дебата за Законот за управување со отпад, со образложение дека не биле создадени деловнички услови. Ќе бараат лично да им го објасни ваквиот потег.
Револтот во изминатава година кулминира поради игнорантскиот однос на надлежните кон најголем дел од барањата на т.н. „Зелена револуција“, која уште лани испорача дузина приоритети за заштита на животната средина. Младите активисти се бесни што наместо за животната средина, народните избраници повеќе се грижат за интересите на крупниот капитал.