
Шар Планина има дозвола да биде прогласена за национален парк
Од Здружението „Еко Герила“, се сомневаат дека интересни групи влијааат на одолговлекување на заштитата, со цел изградба на мали хидрицентрали кои државата ги субвенционира.
Оттаму велат дека од малите хидроцентрали само ќе се збогатат одредени поединци, бенефит нема да види ниту државата ниту населението.
Од Министерството за животна средина истакнаа дека во тек се активности за изработка на конечната верзија на Студијата за валоризација на Шар Планина и усогласување со другите сектори економија, шумарство, енергетика, туризам, по што ќе следува постапката за прогласување.
Неодамна министерот пак за животна средина изјави дека идниот национален парк ќе биде прогласен во октомври годинава, но во моментов се спорни само 10 % од идното заштитено подрачје.
Зоран Димовски