
Одложено гласањето за иницијативата за урбанистичко-архитектонски конкурс за просторот кај фабриката “Треска”
Инцијативата за Урбанистичко архитектонски конкурс за локацијата на фабрика „Треска“ ги подели советниците и архитектите. Додека предлагачот -архитектката Даница Павловска иниситраше општината да прифати стручни лицаа да го скројат изгледот на овој дел од градот – Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ поддржан од советниците од мнозинството бараше одлагање на оваа иницијатива. Ја нарече некомплетна и избрзана.
Се спротистави предлагачот на точката и претседател на советот, Јана Балчева.
Опозицијата во советот, пак, молчеше и набљудуваше додека советниците кои беа против и реплицираа на архитектката Даница Павловска која дојде да ја објасни потребата да се осмисли и нацрта просторот кај фабриката „Треска“ .
Павловска стравува дека ако не се осмисли навреме, инвеститорите ќе ги подигнат планираните станбени згради против кои граѓаните деновиве се спротиставија со 300 потписи. Деталниот урбанистички план „Буњаковец“ во кој спаѓа и локацијата кај „Треска“ во овој момент е под мораториум и е ревидиран од службите во Општина Центар.
Во него се нацртани околу триесетина згради поделени во четири блокови на имот дел државен- дел приватен.
Павле Беловски