Русковска контра Стефанова за Кацарска, Боки 13 му пиша на Јовески

Недозволиво однесување. Вака шефицата на организиран криминал ја искритикува колешката Лиле Стефанова која како сведок во Рекет ја посочи и судијката Добрила Кацарска како една од оние кои се јавувале во Империја.

-Секој што има сознанија и мисли дека некој судија постапува непрофесионално треба да го пријави во Судски совет. Колешката Стефанова, како обвинител, треба да ја знае таа процедура. Недозволиво е вакви сомневања, после година и пол, да се изнесуваат во судница и притоа да не биде известен Судскиот совет, рече јавната обвинителка, Вилма Русковска

Русковска потврди и дека се повикуваат сведоци во предметот Империја за бизнисмените Камчев, Панделевски, поранешниот шеф на тајната полиција Мијалков и други, но потенцираше дека Стефанова повеќе не го води сама овој случај туку дека со неа во предметот е и обвинителката Гордана Смаќовска.

На денешното судење за Рекет, високата мода и познатите брендови макар и на слика се преселија во судница.

Со часови се изведуваа материјални докази а потоа и на видео бим беше презентирано што се заплениле истражителите во домот на Боки 13.

Од облека до мебел и техника 71 вреќа докази изнеле со камион од неговиот двор.  Јовановски бараше сите парчиња да бидат донесени и во судница но судијката не прифати

-Овие докази се за кривичното дело перење пари. И затоа се презентираат доказите, зашто ние сметаме сето ова што е купено е како резултат на кривичното дело перење пари и од тие причини се презентираат овие докази, изјави Русковска.

Боки 13 бара прием и кај државниот обвинител Љубомир Јовески. За да го увери дека има што да му раскаже денеска му пиша и писмо кое и го даде на судијката Васка Николовска Масевска.

Мегу другото му пишал и наводи против Русковска откако вчера ја обивни зак орупција од 4 милиони евра. Таа во изјава за медиумите одговори дека секој кој има докази, треба да пријави во полиција

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ