
Тетово усвои мерки за да го спречи загадувањето на воздухот
Изработка на катастар за животна средина, набавка на механизација за чистење и прскање на коловозите со специјални средства, едукација на населенито.
Ова беа главните мерки на предлог програмата за заштита на животната средина, која беше усвоена на денешната седница на Советот на Општина Тетово. Опозиционите советници, реагираа дека мерките биле популистички и задоцнети.
Од СДСМ кои се дел од мнозинството на советот истакнаа дека мерките се за поздравување и ќе проидонесат граѓаните да дишат почист воздух.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, се пофали дека општината континуирано спроведува мерки против аерозагадувањето ,а предлог програмата вклучува дополнителни активности кои ќе се реализираат оваа година.
Тетово и годинава е рекордер по аерозагадување, но конретни мерки на терен не се забележуваат.
Зоран Димовски