
Двајца од обезбедувањето на „Сити Мол“ осомничени дека ја пратиле пораката за лажна бомба
Две момчиња, вработени во обезбедувањето на Ситимол се осомничени за лажната пријава за подметната бомба во најголемиот трговски центар во државата.
Двајцата обезбедувачи имале по 19 години и сенововработени во агенцијата која го обезбедува Ситимол. Тие вчера лажно пријавиле дека има подметнато бомба во центарот, по што во проверката беа вклучени над 100 полициски службеници меѓу кои и припадници на противтероритсичката единица. Сите дуќани и продавници во ситимол беа испразнети и проверката траеше неколку часа. Момчињата кои се од Ѓорче Петров и од скопско Волково ќе бидат осомничени за лажно пријавување на кривично дело. Првичната пријава за лажната закана била дека сакале да го исплашат и шегуваат со нивниот шеф. Се уште се проверува дали истите сторители вчера по СМС упатиле заканувачки пораки на 40 телефонски броеви.