Законот за ЈО на собраниска седница само со усогласен текст и обезбедено мнозинство

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери, е убеден дека доколку политичките партии се договорат за новото законско решение за Јавно обвинителство, целата постапка може да заврши за само еден ден. Текстот засега е само најава или идеја, а Собранието работи по конкретен предмет. Во моментов ваков закон  има на дневен ред на 108-та седница а за предлогот усогласени се триесетина амандмани . Сега се чека на нов предлог.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе учествува на преговорите но ќе инситираат да се прифатат нивните забелешки за избор и разрешување на државен јавен обвинител.

Социјалдемократите со обвинувања дека законот се кочи поради стравот на опозицијата од процесуирање на предметите против поранешни и актуелни функционери.

Работните групи утре ќе треба да ја утврдат методологијата за работа.  Неизвесно е дали и кои од забелешките на експертската јавност ќе бидат вметнати во новото законско решение.

Јулијана Пешевска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ