Битолските улици добија имиња според запуштеноста во која се наоѓаат

Улиците во Битола ги добија своите вистински имиња. Утринава група битолски активисти на симболичен начин реaгираа и ги означија улиците според проблемите и состојбите во кои се наоѓаат. На повеќе од 10 улици, се поставени табли со прекари, односно со имиња, со кои одредени улици се здобиле изминативе години заради нивната запуштеност. Имињата на улиците се симболични како  на пример: “ВЕТЕНА, а не направена”, “ВЕЛЕЛСЛАЛОМ – полна со дупки кои мора да се избегнуваат, “ИДНИНА”- “Калосана”, “Тендерска”, РАСКОПАНА, БОЛИВАЧ, “Езерска – улица на 1000 езерца” и слично.

Целта на оваа акција е да се укаже на проблемите на граѓаните кои живеат во одредени делови на Битола, каде уличната инфраструктура е катастрофална и каде што состојбите не само што не се подобруваат, туку секојдневно се влошуваат. Битола, иако е втор по големина град во Македонија, за жал има уништена локална улична инфраструктура, многу улици во градот не се реконструирани, раскопани се, некои имаат дупки стари и повеќе од 10 години, а некои со децении чекаат асфалтирање. Целта на акцијата е да се предизвика внимание и локалната власт да ги реши овие проблеми со кои граѓаните на Битола се соочуваат секојдневно.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ