Заев: Ако искрено се сака решение за името не треба да се ставаат црвени линии

Не треба да се ставаат црвени линии ако искрено се сака да се постигне решение за сопрот за името е коментарот на премиерот Зоран Заев по вчерашната изјава на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос дека решението за името не може да  упатува на етничка припадност вон границите на нашата земја и да упатува на јазик надвор од границите, со што би упатувало и на малцински права во Грција.

Заев притоа рече дека ако се сака решение ќе мора да се води грижа за сочувување на чуствата на двете нации, а тое е идентитетот.

„Идентитетот е чуство и за него, буквално, не можете да преговарате, да се ценкате или било што. Јас верувам дека во тој дух, водејќи се внимателно кон партнерите со кои што преговараме, ќе изнајдеме решение. А истовремено само ќе потсетам – дас е отвори Уставот на Република Грција и да видиме како тие водат грижа за Грците надвор од Грција. Јас сум подготвена, како тие водат грижа за Грците надвор од Грција и ние да водиме грижа за Македонците надвор од Македонија. Исто, соодветно“, изјави Зоран Заев, премиер на Македонија.

Заев денеска ја дообјасни својата изјава за постигната согласност по три точки со Грција, велејќи дека станува збор за заокружување на некои прашања, како што е прашањето за иредентизмот, со промена на името на автопатот и аеродромот и дека по можен договор ќе се формират две работни групи кои што ќе ги проверат учебниците во двете змеји.

Заев повтори дека промената на било што во правниот систем Македонија не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи се што се менува може да се врати назад, освен меѓународната пракса на решавање на вакви спорови, преку меѓународни договори, резолуција во ОН.

Изјава на Заев е коментар на синоќешната изјава на портпаролот на грчката влада дека за да се исполни условот за севкупна употреба на името мора да има промена на уставното име на Македонија.

„За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на прашањето со уставното име. Според тоа, прашањето за промена на Уставот секако дека влегува, барем на овој степен. Останатите работи ќе се разговараат и на техничко ниво за тоа колку може да постојат толкувања на Уставот на соседната земја кои би можеле да се карактеризираат како иредентистички, но ова е прашање поврзано со толкувањето“, рече Димитрис Ѕанакопулос, портпарол на грчката влада.

Ѕанакопулос говорејќи во дебатна емисија на ЕРТ рече дека предлог-спогодбата која ја Грција ја подготвува за Македонија е се уште во фаза на разработка од грчка страна. Според неофицијални информации се очекува предлог-спогодбата во Македонија да ја донесе лично шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, кој се очекува да дојде во земјава кон крајот од март.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ