По јавната расправа, нова средба на работните групи

По дводневната јавна расправа, Министерството за правда останува на ставот: опозицијата да не го предлага Републичкиот јавен обвинител, но прифаќа подобрување на постапката. Министерката Десковска најави уште еден обид за постигнување консензус, но тоа не може да значи прекинување на предметите на СЈО.

За министерката, неприфатлива е идејата наместо уставното име на државата Република Северна Македонија, во законите да се користи само зборот република.

Професорот Тупанчевски побара доработка на постапката на префрлање на предметите на СЈО во организиран криминал.

Според професорот Даштевски, Владата не би требало да го предлага Јавниот обвинител бидејќи тоа е мешање на извршната во судската власт.

Од утре, Министерството за правда повторно ќе се сретне со пратеничките групи заради усогласување на законот. ВМРО-ДПМНЕ  побара да присуствува и јавниот обвинител Љубомир Јовески. Минатата недела, опозициската партија ја напушти средбата со барање јавна расправа и присуство на обвинителот.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ