
Судскиот совет не може да избере шест судии за скопска Апелација
Една година од распишаниот оглас, Судскиот совет не може да избере 6 судии за скопска апелација каде подолго време се соочуваат со проблеми поради празните судиски места. Заменик претседателот на советот Миљазим Мустафа признава дека членовите се координираат. Кочницата е во тоа што не можат да се договорат кого да изберат. Претходно со слично објаснување излезе и пртседателот на судски совет Киро Здравев кој се надева дека до 10 февруари ќе изберат судии за апелација. Во конкуренција за второстепениот суд се и многу судии од Кривичен кои водат предмети што ги отвори СЈО и други предмети познати за јавноста.