Грпата „Јавна соба“ е затворена

Групата „Јавна соба“ на мрежата „Телеграм“ од утрово не постои. Засега не е познато дали е избришана од некој од основачите или пак од самата компанија сопственик на „Телеграм“, со седиште во Велика британија,  а на барање на МВР. Полицијата успеала да идентификува еден од креаторите на групата и еден од модераторите. Станува збор за две возрасни лица од Скопје против кои засега се уште нема никаква пријава. Од МВР потврдија дека во овој случај имаат една пријава од родител чија малолетна ќерка завршила во групата.

Она што е познато е дека оваа група постоеше веќе неколку месеци. Во септември е формирана на социјалната мрежа „Инстаграм“ од каде потоа се префрла на  „Вибер“ каде е блокирана за на крајот да заврши на „Телеграм“ под името „Бадијалџии“ и да прерасне во „Јавна соба“ во која со месеци се споделуваа слики и клипови со експлицитна порнографска содржина од девојки од Македонија и странство, некои и малолетни. Според МВР вкупната бројка на лица кои во некој временски период биле членови а потоа ја напуштиле е над 11.000

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ