
Револуционерна метода во превенција на мозочни удари
65-годишен Македонец е првиот пацинет во светот кој избегна ризик од мозочен удар, со досега најсовремениот начин на каротидно стентирање. Со ова, Македонија стана предводник на револуционерна светска студија, а Клиниката за кардиологија влезе во ранг на светските кардиолошки центри во Милано, Берлин и Лајпциг. Нивните кардиолози ќе настапат, дури откако македонските колеги ќе им ги пренесат искуствата.
Шанса да го избегнат ризокот од мозочен удар ќе добијат уште 10 пацинети во земјата од 100-те планирани со студијата. Изборот на пацинети ќе го прават невролозите.
По завршување на студија, кардиолозите прогнозираат дека за околу три години методата ќе се комерцијализира и ќе стане достапна за сите потенцијални кандидати кај кои постои висок ризик од мозочен удар.
Весна Јовановска Дојчиновска