Нови четири сведоци денеска во „Рекет“

Нови сведоци денеска во „Рекет“. Шефицата на кабинет на Катица Јанева, Сања Димовска, водителката Лила Стојановска, како и Агапи Дика и Весна Костовска се четворицата нови сведоци,  на предлог на обвинителството.

Претходно оваа недела во судница сведочеа обвинителите од СЈО, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми. Покрај нив, на минатите рочишта сведочење и Елизабета Јосифоска, која беше заменичка на Јанева.

Јосифоска и Стефанова во нивните сведочење ја споменуваа Димовска во делот за времениот пасош на Орце Камчев односно посочуваа дека преку таа ја пренела наредната од Јанева да се даде позитивно мислење за бизнисменот да добие патна исправа. Водителката Стојановска, пак, важи за блиска пријателка на Боки 13 и таа беше со него на пат кон Грција дента на 15 јули 2019 кога Јовановски беше уапсен.

Денешното рочиште ќе биде девето по ред.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ