МВР за Јавна соба дозналe преку „пријателска врска“

Во конкретниов случај ние ја добиваме информацијата преку пријателска врска на 25.01 и тогаш не можеме да отвориме истрага за кривично дело, рече началникот на СВР Скопје Ристо Ставревски во гостувањето на Топ Тема.

Потребни се материјални докази за кривично дело со кои би го класифицирале како такво, но отворивме криминалистичка контрола со која ги запознаваме сите сектори за внатрешни работи и веднаш почнавме со работа за откривање на евентуално кривично дело, рече Ставревски.

Ставревски упати апел до граѓаните ваквите појави на социјалните мрежи веднаш да ги пријавуваат во МВР, затоа што полицијата не ги следи постојано социјалните мрежи.

Ние не ги следиме социјалните мрежи, по дифолт како да имаме група, односно организациона единица која што постојано би ги следела. ИмамеЕдиница за борба против економски и компјутерски криминал кои професионално работат за откривање и спречување сторување кривични дела, вели Ставревски.

Тој потврди дека до сега е пријавено само едно оштетено лице и тоа малолетно, кое заедно со своит еродители пријавило во полициска станица. Но независно од тоа, вели Ставревски, тука имаме повеќе извршени кривични дела.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ