
Нов немир во МВР- незаконски прераспоредувања и телефонски сметки на екс претседателот и сопругата
Техничкиот министер на својата прва прес конференција во МВР соопшти дека заедно со синдикатите ги анализирале сите 1753 распоредувања кои претходникот Оливер Спасовски ги потпишал во декември.
На повеќе од 100 предмети за распоредувања се најдени прекршувања на законите и правилниците поради што се покренати постапки за тие полициски службеници. Во последните две години поради прекршување на законските одредби при прераспоредувања на полициските службеници и вработените, МВР исплатило околу 4 милиони евра отштета определена со судски пресуди, поради што министерот го обвини претходникот за недомаќинско трошење.
Покрај тоа Чулев тврди дека во МВР затекнал 130 поранешни вработени на веќе непостоечката УБК кои не биле распоредени никаде, а земале плата од непостоечка државна институција. Им потпишал решенија, иако останале уште 5-мина кои се прогласени
Чулев рече дека треба да напредуваат професионалците во МВР наместо политички да се носат одлуки и да се назначуваат и распоредуваат вработените.
-Со партиски и политички одлуки мојот претходник се обидел да го прегази достоинството и угледот на полицајците, рече Чулев и упати апел до професионалците и до оние кои работат чесно и одговорно, дека заврши времето на притисоци, закани, делење решенија и откази по партски и политички заслуги и дека во опасност се криминалците и оние што работат спротивно на законот.
Дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска преку фејсбук му возврати дека тоа што го прочитал на пресот било неточно партиско-политичко соопштение иако апелира на поголем професионализам во МВР.
Став на Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер за внатрешни работи
Кога зборува за распоредување во пониски звања без дисциплинска постапка, нека објасни како го оправдува својот потпис на решение за распоредување на вработен во Министерството кој од началник на Сектор во УБК со стаж од 44 години го распоредува на работно место инспектор за имотни деликти. Или пак вработени со завршено високо образование од областа на шумарство и земјоделие се распоредуваат во инспектори за семејно насилство и малолтеничка деликвенција. Инаку, кога сме кај недомаќинското работење, Чулев треба да објасни за 12.000 евра потрошени Во агенцијата за разузнавање за телефонски сметки на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја.
Избегнато едно „Северна“- останаа две
Знамињата кои се декор на пресовите во МВР беа поставени пред таблата и од нив не се гледаше Северна Македонија, но Чулев зборуваше и на пулт и пред знамето на МВР на кое стоеше уставното име.
Миомир Серафиновиќ