За покачувањето на платите не е услов потпишувањето колективен договор му рекле од НАКС на Адеми

Независниот академски синдикат му кажа на министерот за образование Арбер Адеми дека покачувањето на платите во високото образование не може да биде условено со потпишување колективен договор и постојат правни механизми  тоа да се спроведе.

-Укажавме најпрвин дека покачувањето на платите за 10%, за да се реализира тоа ветено покачување, нема никакви законски пречки, односно дека тоа не е условено со колективен договор, вели в.д. претседателката на НАКС, Елена Џукеска.

Укажале и на притисокот од ректорите за формирање на новиот синдикат.

  • Во прилог на преставките се поднесени докази за дописи на ректори, каде јасно се гледа како даваат наредби и инструкции за формирање еден синдикат, вели Маја Стефановиќ, член на НАКС

Од Академскиот синдикат потсетиле дека во МОН доставиле нацрт колективен договор и дека преговараат со СОНК за здружување, за да се потпише колективен договор на ниво на гранка. Министерот Адеми им рекол дека владата нема намера да врши упад во синдикалното организирање на универзитетите и дека се за финализирање на покачувањето на платите. Но, потребен е нов синдикат вели министерот за Телма, зашто СОНК има репрезентативност само на ниво на гранков синдикат, а не во сите универзитети.

(изјава: Арбер Адеми- Министер за образование)

  • И затоа можеби, вработените на одделни универзитети се организираат во постоечките синдикати или во некоја нова синдикална организација. Но, знам дека со иста ситуација , на различни универзитети не се соочуваме, вели министерот за образование, Адеми.

По денешната средба, предлозите на синдикалците се очекува да бидат разгледани во најскоро време и позитивно да им биде одговорено, дополнија од НАКС.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ