
Јаначковска даде исказ во скопското обвинителство за инцидентот со функционерот на ДУИ
Полицајката Јасмина Јаначковска денеска даваше исказ во скопското обвинителство, каде во тек е постапка за инцидентот со функционерот на ДУИ Бекир Асани. Јаначковска се задржа околу четириесетина минути во зградата на обвинителството, а по излегувањето не даде изјава за медиумите.
Минатиот четврток Јаначковска, извршувајќи ја својата должност, беше цел на напад од функционерот на ДУИ Асани, откако поради непрописно паркирање се обиде да го подигне неговото возило. Полицијата го затвори случајот со прекршочна пријава против Асани и покрај агресивниот вербален напад врз полицјаката, која повикала засилувања да и помогне.
Подоцна МВР објави дека таа не била повредена за време на инцидентот, и покрај тоа што побарала лекарска помош, туку за време на повлекувањето од местото на настанот сама се удрила со левата рака во пајак возилото.