
Психолози: родителите да бидат вклучени во активностите на своите деца
Родителите мора да бидат во тек со интернет активностите на нивните деца и отворената комуникација на релација родител-тинејџер треба да се стави на прво место, советуваат стручните лица по случајот со затворената интернет група Јавна соба, која ја вознемири јавноста.
Во денешното модерно социјалните мрежи го отуѓуваат децата од семејствата, што резултура со сериозни последици и несакани дејства
Министерот за јавна администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски, вели дека злоупотребата во интернет просторот може да се намали преку соработка и размена на информаци и меѓу самите институции .Засега сајбер криминалот се контролира преку Националниот совет за сајбер безбедност, потенцира Манчевски .
Инаку во групата Јавна соба се споделуваа интимни фотографии на претежно малолетни девојчиња преку апликацијата Телеграм.
Од Министерството за труд и социјална политика, апелираа родителите чиишто девојчиња биле злоупотребени да ги пријават случаите во Центрите за социјална работа.
Зоран Димовски