Во 14 часот јавна расправа за предлог законот за Јавно обвинителство

За 14 часот е закажана јавната расправа за предлог законот за Јавно обвинителство. Во Комисијата за политички систем се поканети голем број обвинители, професори, адвокати и други експерти. Ќе учествува и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, на што инсистира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За донесување на законот, кој стана неформален услов за позитивен европски извештај и добивање датум за преговори, потребни се 80 пратенички гласови, што значи, согласност од сите партии.

Комисиската расправа најверојатно ќе трае неколку дена. Во ВМРО ДПМНЕ се воздржани за законот, ќе се изјаснат по јавната расправа.

Ниту еден политички субјект нема право да ја држи земјата во заложништво, како што тоа го прави ВМРО ДПМНЕ со овој закон, велат од СДСМ. Уверуваат дека со ваков закон, сите предмети на СЈО ќе добијат професионална и објективна завршница.

Министерката за правда во синоќешната Топ тема коментираше дека забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за законот се само – желба за амнестија и со закон прекинување на судски случаи. Рече дека законот ќе биде донесен и без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, доколу се обезбеди потребното мнозинство до 80 гласа, а, вели има се повеќе пратеници кај кои расте свеста дека ова прашање мора да се реши.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ