Термо-камера и на скопскиот аеродром, во Пекинг не е пријавен ниту еден македонски државјанин заболен со коронавирусот

Термо-камера е поставена и на скопскиот аеродром, како и на другите аеродроми во регионот, за да улови дали има патници болни од коронавирусот, кои долетуваат со директни транзитни врски од Кина. Први кои беа скенирани се дел од патниците во авионот од Дубаи.

Екипа на лекари од Центарот за јавно здравје пристигнала во исто време кога тие го напуштале леталото, а термо-камерата била подготвена да скенира само еден дел од групата. 100 македонски граѓани во моментов се наоѓаат во Кина.

Министерството за надворшени работи информира дека е во постојан контакт со нив и оти нема пријавени македонски граѓани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење и на кои им е потребна помош.

Од МНР наведуваат дека до нашата амбасада во Пекинг не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со коронавирусот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ